Екипата на Рома се изнамачи да ја совлада Монца и да стигне до трите бодови. 

На натпреварот од 9.коло во Серија А, одигран на „Олимпико“, Рома минимално со 1:0 славеше над Монца. 

Победничкиот гол го постигна Ел Шавари на истекот на 90-тата минута. 

За Рома ова е само четврта победа сезонава, но сега се проби на 6.место на табелата со вкупно 14 бодови. 

Во следното коло тимот на Мурињо ќе гостува во Милано кај Интер.