Во пресрет на големото „Супер дерби“ во македонскиот ракометен шампионат, од таборот на актуелниот првак  со апел.

Домаќинот Еурофарм Пелистер апелира за фер и коректно навивање на мечот со лутиот ривал скопски Вардар. 

„Почитувани љубители на спортот и ракометот, верни навивачи.
Во пресрет на денешниот првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, апелираме и Ве замолуваме сите кои ќе бидете денес во спортската сала Боро Чурлевски, со своето фер и коректно спортско навивање и бодрење на својот тим да придонесете натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера и уште еднаш да докажеме дека нашата сала и нашиот град со право го носат епитетот ХРАМ НА РАКОМЕТОТ.

Во име на клубот, упатуваме апел и замолуваме да не се реагира недостојно на евентуални провокации (да се надеваме дека ќе ги нема) и однапред смислени можни сценарија. Како клуб ги превзедовме сите организациони мерки за квалитетно и непречено одигрување на натпреварот.

Денес ние сите заедно (играчи, стручен штаб, управа и навивачи) на терен треба да покажеме кој е македонскиот ракометен шампион и која е најдобрата публика на светот.

Затоа ајде сите заедно, спортски, фер и коректно да издвојуваме една голема победа на нашиот клуб“, се вели во апелот на РК Еурофарм Пелистер. 

Дуелот во Битола ќе започне од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВО ЖИВО | EУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР