Францускиот репрезентативец Антоан Гризман му донесе победа на Атлетико на гостувањето во Виго.
Во натпреварот од 10-коло ==на Ла Лаига, Гризман ги постигна сите, три гола во победата на Атлетико над Селта со 3-0.
Првиот гол Французинот го постигна во 29.минута од пенал.
Во вториот дел следеа уште два. За само шест минути (64 и 70-та) Гризман го заокружи својот хет-трик.
Со оваа победа и освоените бодови, а вкупно 22, Атлетико се проби на 2.место на табелата зад Реал кој има 25.
22 бодови има и Џирона која е на 3-тото место, а која утре ќе игра против Алмерија. Барса е четвтра со бод заостанување, а утре ќе го пречека Атлетик Билбао.