Сите натпревари однесе до 11.коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се играат во недела во терминот од 14 часот.

Неколку интересни дуели носи оваа рунда.

Лидерот на табелата, тетовска Шкендија ја пречекува струмичка Брера.

Во Кратово, тимот на Силекс кој на четврто место игра против амбициозниот Тиквеш.

Трето рангираниот тим на табелата Шкупи нема да има ни малку лесна задача во дуелот против штипска Брегалница.

Интересно се очекува да биди во Ѓорче Петров каде Македонија го пречекува шампионот Струга Трим Лум.

Во другите два натпревари од ова коло играат Работнички – Вардар и Гостивар – Воска спорт.

СИТЕ НАТПРЕВАРИ СЛЕДЕТЕ ГИ ВО ЖИВО ОВДЕ

ПРВА ЛИГА 11. КОЛО
недела (14 часот)
ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА СТРУМИЦА
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СТРУГА
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ

СИТЕ НАТПРЕВАРИ СЛЕДЕТЕ ГИ ВО ЖИВО ОВДЕ