Во петтото коло од женската Супер лига, Вардар лесно и убедливо, ја совлада екипата на Шампион со 45:20.
Црвено-црните го започнаа натпреварот со серија од 3:1. Шампион немаа никакви шанси . Вардарки беа незапирливи со серија од 8-0 во 16.минута поведоа со двоцифрена разлика 14:4.
Домаќинот само ја зголемуваше предноста и на полувреме замина со 23:10.
Втората половина беше само формалност. Вардарки во 39-тата минута ја зголемија предноста на +16 (29:13). Шампион се обидуваа да ја намалат негативата, но домаќините не дозволија. Крајниот резултат беше 45:20.
Најефикасни од победничкиот тим беа Симона Василева со 12 и Ивона Трпевска со 9 погодоци, додека од екипата на Шампион Мила Филипова даде пет гола.
И на претходните два натпревари домашните екипи забележаа убедливи победи.
Вечерва останува да се одигра дуелот меѓи екипата на Деспина и шампионот Ѓорче Петров.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ)
сабота
ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА 32:14
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СКОПЈЕ 36:23
ВАРДАР – ШАМПИОН 45:20
ДЕСПИНА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ во тек
недела
18.00 СПАРТАК – ЧАИР СКОПЈЕ
19.00 СТРУЖАНКА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
одиграно вчера (петок)
АСТИБО – КУМАНОВО 19-37
Ивона Кимовска