Екипата на Ангели ја оствари втората победа во новата сезона на второлигашката конкуренција. Попладнево во Кисела Кода во натпревар од 3.коло Ангели беше подобар од велешки Борец баскет.

Домаќините уште од самиот почеток ја презедоа контролата на играта. Веќе во 7.минута Ангели имаа двоцифрена предност (16-06), но тука застана. Му дозволија на противникот да направи серија од 8-0 и првата четвртина домашниот состав ја заврши со осум поени предност

Во вториот период Ангели во 27 минута водеа и со најголеми +21 (49-28). И повторно иста „песна“. Велешани со серија намалија на -15 (51-36). 

Во второто полувреме проработе шутот за три на гостите,  па во последниот период предноста на домаќините се „стопи“ на 10 (61-51). Се обидуваа со сите сили велешани да ја анулираат негативата, но домашниот состав тоа не го дозволи. 

На крајот, Ангели заслужено славеа со 15 разлика, 81-65. 

Вечерва останува де се одигра уште дуелот во Прилеп, а останатите три средби на програмата се утре. 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 3.КОЛО
сабота
МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 2 94-55
АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 81-65
19.00 МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ
недела
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ШКУПИ
18.00 КУМАНОВО 2029 – СОКОЛИ
19.00 ПАРТИЗАН В.С. – ТЕТЕКС