Францускиот мотоциклист Жоан Зарко е победник на трката за Големата награда на Австралија во „кралската“ класа на Мото ГП шампионатот.
Возачот на Прамак, Зарко на тој начин го постигна најголемиот успех во кариерата, бидејќи за прв пат триумфираше на трка во најсилната класа.
Се чинеше дека Жарко нема да го видиме на највисокиот место на подиум. Неговиот тимски колега Хорхе Мартин водеше до самиот финиш, но на крајот заврши само на четвртото место. Со тоа Шпанецот, дополнително ги намали шансите да стане светски шампион на крајот од првенство.
Ова откако втор трката ја заврши актуелниот светски првак Франческо Бањаја со Дукати, додека третото место го зазеде Фабио ди Џанантонио од Гресини.
Така во Генералниот пласман, Бањаја останува на првото место сега со 366 бодови, додека Мартин има 27 бодови помалку.