Нови седум натпревари се играат денеска во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.

Најголемо внимание секако ќе привлече дуелот во Лондон. Во рамките на нашата „Ц“ група, Англија и Италија ќе го играат дербито на денот. Исходот од овој меч ќе го чекаат Украинците кои и гостуваат на Малта. 

Во групата „Г“ двата меча директно може да решат за патниците на шампионатот. Унгарците со евентуална победа на гостувањето кај Литанија би си ја обезбедиле „пол-позицијата“. Србија и Црна Гора во директен дуел може решава за втората позиција. 

Интересен се очекува да биде и на трите натпревари од 8.коло во „Х“ групата. Во нив Словенија и Данска влегуваат со 4 бода предност во однос на Финска и Казахстан, но во оваа група треба да се одиграат вкупно 10 кола. 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 21024-та 

Ц ГРУПА
20:45 АНГЛИЈА – ИТАЛИЈА
20:45 МАЛТА – УКРАИНА

ТАБЕЛА
1 Англија         13 (5 натпревари)
2 Италија         10 (5)        
3 Украина        10 (6)
4 Македонија 7 (6)
5 Малта            0 (6)
Г ГРУПА
20:45 СРБИЈА – ЦРНА ГОРА
20:45 ЛИТВАНИЈА – УНГАРИЈА

ТАБЕЛА
1 Унгарија        13 (5)
2 Србија           10 (6)
3 Црна Гора    8 (5)
4 Литванија     5 (6)
5 Бугарија        2 (6)
Х ГРУПА
18:00 ФИНСКА – КАЗАХСТАН
20:45 САН МАРИНО – ДАНСКА
20:45 С. ИРСКА – СЛОВЕНИЈА

ТАБЕЛА
1 Словенија     16 (сите по 7 натпревари)
2 Данска          16        
3 Финска          12        
4 Казахстан     12        
5 С. Ирска        6          
6 Сан Марино 0