Најдобрата македонската фудбалска репрезентација, го одработи своето во октомврискиот квалификациски циклус за Европскиот шампионат.
Болката од поразот во дуелот со Украина нашите фудбалери ќе се обидат да ја ублажат во контролниот натпревар со Ерменија.
Натпреварот треба да послужи пред се за воигрување за последните два дуели од квалификациите, со Италија во Рим и Англија во Скопје.
„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата.
После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.
Контролниот меч против Ерменија која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме.
Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите.
Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“, изјави селекторот Милевски.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Ерменија, ќе се игра во Струмица, во терминот од 15 часот.