Нови осум натпревари носи денешниот ден во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.
Многу работи може да бидат појасни околу патниците на шампионатот по вечерашните дуели.
Во „А“ групата, доколку Норвежаните загубат од Шпанија, тогаш на „црвената фурија“ и на Шкотска во следните два натпревари доволен им е по еден бод да се пласираат на шампионатот.
Во конкуренцијата „Д“, селекцијата на Турција со победа пред домашната публика и дефинитивни ќе биде дел од ЕП. Затоа пак Велс ќе мора да ја совлада Хрватска која има три бода предност, но и натпревар помалку, ако сакаат Велшаните да останат во игра за првенството.
Во групата „Е“, Чешка и Полска ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога и со нови три бода, дополнително да направат притисок на водечката Албанија во последните две кола.
Има уште многу да се игра во „И“ групата во која се шест репрезентации. Во предност е Швајцарија која покрај бодовната предност пред Романија и Израел, денеска важи за фаворит во дуелот со Белорусија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
А група 15:00 ГРУЗИЈА – КИПАР 20:45 НОРВЕШКА – ШПАНИЈА Табела 1 Шкотска 15 2 Шпанија 12 (-1) 3 Норвешка 10 4 Грузија 4 (-1) 5 Кипар 0 | Е група 18:00 ЧЕШКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 20: 45 ПОЛСКА – МОЛДАВИЈА Табела 1 Албанија 13 2 Полска 9 3 Чешка 8 (-1) 4 Молдавија 8 (-1) 5 Фарски Острови 1 |
Д група 20:45 ТУРЦИЈА – ЛЕТОНИЈА 20:45 ВЕЛС – ХРВАТСКА Табела 1 Турција 13 2 Хрватска 10 (-1) 3 Ерменија 7 4 Велс 7 (-1) 5 Латвија 3 | И група 18:00 ШВАЈЦАРИЈА – БЕЛОРУСИЈА 20:45 РОМАНИЈА – АНДОРА Табела 1 Швајцарија 14 2 Романија 13 3 Израел 11 4 Косово 7 5 Белорусија 5 6 Андора 2 |