Тимот предводен од Чоло Симеоне, Атлетико Мадрид, конечно се разигра, па со убедливи 3-0 славеше победа над Ваљадолид.
Алваро Мората со гол во 18-тата минута го отвори резултатот, за да по пет минути, Гризман зголеми на 2-0.
Избраниците на Симеоне, продолжија да напаѓаат, а веќе во 28-та минута со голот на Хермосо, дојдоа и до убедливи 3-0, резултат кој ќе остане непроменет до крајот на натпреварот.
Со оваа победа Атлетико Мадрид се врати на победите и дојде до 31 освоен бод, за четврта позиција на табелата.