Македонскиот одбојкарски шампион Работнички Скопје, денеска и утре во Романија ќе има настап на европската сцена.

Работнички во 1,коло од квалификациите за ЦЕВ Челинџ Купот двата натпревари реши да го одигра на гостински терен.

Противник е екипата на Лугој која лани стигна до финалето во ова натпреварување.

Иако романската екипа важи за фаворит, од таборот на македонскиот првак најавуваат дека нема така лесно да се предадат.

Првиот натпревар Лугој – Работнички се игра попладнево, а започнува од 17.30 часот, термин во кој утре ќе се одигра реваншот.

Натпреварот можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ