Шпанскиот првак Барселона се изнамачи да освои само еден бод на гостувањето кај Гранада.
Во натпревар од 9.коло на Ла Лига, Гранада и Барселона одиграа без победник 2-2.
Лошо започна натпреварот за Барселона, која по само 17.секунди прими гол. Само што тргнаа домаќините од центарот, Брајан Сарагоса им донесе огромна радост на соиграчите и навивачите на Гранада.
Истиот фудбалер во 29-тата минута зголеми на 2-0.
Барселона тргна со сите сили кон голот на домаќините. Тоа вроди со плод во првата минута од судиското дополнение (45+1). Ламине Џамал погоди за 1-2 и со 16 години стана најмладиот играч на Барса што постигнал гол.
Во второто полувреме. Се играше „викторија“, постојано на половината на домаќините. Тие успешно се бранеа се до 86-тата минута кога Роберто израмни на 2-2.
Брајан Сарагоса можеше да биде јунакот на Гранада. Но, неговиот ударот во 88.минута заврши во гредата од голот на Терштеген.
Барса постигна и трет гол, преку Жоао Феликс, но голот беше поништен поради офсајд, поради Феран Торес.
Резултатот остана не променет, па двата тима освоија по еден бод.
Барселона остана на третата позиција со 21, еден помалку од Џирона, а три помалку од водечкиот Реал.
Гранада е претпоследна со само 6 бодови.