Актуелниот шампион во Серија А, Наполи е далеку од посакуваната форма. Тоа се потврди и вечерва кога тимот на Руди Гарсија со 1:3 загуби на домашен терен од Фиорентина.

Домаќините имаа огромна шанса уште во петата минута да дојдат во предност  но Ди Лоренцо промаши колосална шанса.

Казната за не искористената шанса дојде само две минути подоцна кога Брекало го совлада Мерет и донесе предност од 0:1 за гостите од Фиренца. 

Наполи 16 минути подоцна успеа преку Осимен да изедначи на 1:1. Но, радоста на домаќините траеше прекратко голот на Нигериецот беше поништен. 

Сепак истиот играч во самиот финиш на полувремето повторно стрелаше, овој пат регуларно за израмнува 1:1. 

Вториот дел почна со шанси на двете страни. Во таков ритам подобро се снајде тимот на Винценцо Италиано кој преку Бонавентура во 61-та минута ја врати предноста (1-2). 

Руди Гарсија фрли се на една карта и ги уфрли речиси сите офанзивци на терен. Наполи  притискаше со сите сили да дојде барем до бод.

Но, гостите одлично одолеваа на нападите за а  на крајот со уште еден гол преку Гоназелз во 93-тата минута дојдат до  1:3 и големи три бода на пеколното гостување во Неапол. 

Нашиот репрезентативец Елмас, втор натпревар по ред во Серија А остана закован на клупа без ниту една минута на теренот.