Во четвртото коло од женската Супер лига екипата на Куманово го пречека тимот на  Деспина.

Кумановки лесно ја совладаа екипата на Деспина со 28:17 и ја оствари четвртата победа по ред.

Екипата на Куманово го започна натпреварот со серија 7-1. Домаќинот само ја зголемуваше предноста па во 23-та минута поведоа со +9 (11:2). На полувреме кумановки заминаа со 15:7.

Домашната екипа во второто полувреме успешно ја одржуваше предноста што ја создаде во првата половина.

Куманово во 46-тата минута поведе со максимални 23:12. Крајниот резултат беше 28:17.

Најефикасни од домашната екипа беа Еленин Адела со осум погодоци и Сара Цветановска со шест, додека од тимот на Деспина Мери Конеска Гичева даде девет гола.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
недела
КУМАНОВО – ДЕСПИНА 28-17
18:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР СКОПЈЕ
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР
среда
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
сабота
СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА 27-27
ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР 16-27
ШАМПИОН – АСТИБО 22-27
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК 41-27

Ивона Кимовска