Во Првата машка кошаркарска лига денеска на програмата три натпревари. 

Во првиот, одигран во СЦ „Кале“, екипата на ТФТ стигна до првата победа сезонава. Тимот од скопската населба Тафталиџе го победи Чаир со 77-76.

Во првото полувреме по еден период им припадна на двете екипи. Првиот го добија домаќините (24-15), а вториот гостите (14-19), по на пауза се замина со 4 поени предност за ТФТ (38-34).

Во второто полувреме гостинскиот тим во неколку наврати имаше три негатива, но никако не успеа да ја анулира. Избраниците на Боро Смилковски постојано го контролираа резултатот на крајот заслужено се радуваа со конечни 77-66.

Американецот, Симонс со 22 поени беше најефикасен на натпреварот и во победничката екипа за која 19 додаде неговиот сонародник Луис. Кај поразениот тим 22 поени реализира Мофит, додека Корбет средбата ја заврши со дабл-дабл учинок (12 поени и 11 скокови).

Денеска ќе се одиграат уште два натпревари, од 18 часот во Охрид и од 20 во Битола.

ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
Сабота
ТФТ – ЧАИР ____
18.00 ОХРИД – ФМП АКАДЕМИЈА
20.30 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – КОЖУВ
понеделник
18.00 ФЕНИКС – ВАРДАР
одиграно во средата
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 85-59