Уште една ефикасна вечер во фудбалската елитна Лига на шампиони.
Од дуелите од така-наречената „група на смртта“ само натпреварот во Англија ги оправда очекувањата.
На „Сент Џејмс Парт“ Њукасл го победи ПСЖ. Домаќините Њукасл со головите на Мигел Алмирон (17) и Дан Брн (39) по првиот дел имаше два гола предност против ПСЖ. Не требаше многу, само пет минути во второто полувреме, Њукасл да стигне до третиот гол. Стрелец беше Шон Лонгстав (50). Во 56-тата минута Лукас Фернандез намали на 1-3. Конечните 4-1 за англискиот тим ги постави Швајцарецот, Фабијан Шар во последната минута.
Во Дортмунд, многу повеќе се очекуваше на средбата меѓу Борусија и Милан која беше единствената без постигнат гол во ова коло.
На гостувањето кај германскиот Лајпциг, актуелниот шампиони Манчестер Сити славеше победа. Популарните „граѓани“ поведоа со голот на Фоден (25.минута). По само три минути игра (48) Белгиецот, Опенда го израмни резултатот. Сепак шампионот успеа повторно да ја врати предноста. За тоа се погрижи Аргентинецот, Хуан Алварез (84) кој постигна со ефектен гол. Кога сите очекуваа Џереми Доку ја запечати победата на Сити.
Во истата група во Белград Црвена Звезда и Јанг Бојс одиграа без победник во мечот со четири голови.
На Барселона и беше доволен еден го (Феран Торес 45.минута) да слави на гостувањето кај Порто.
Сите голови од денешните натпревари во Лигата на шампионите, набрзо ќе може да ги видите овде.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО
Е група
АТЛЕТИКО МАДРИД – ФЕЕНОРД 3-2
СЕЛТИК – ЛАЦИО 1-2
Ф група
ЊУКАСЛ – ПСЖ 4-1
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – МИЛАН 0-0
Г група
ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 1-3
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЈАНГ БОЈС 2-2
Х група
АНТВЕРПЕН – ШАХТЈОР 2-3
ПОРТО – БАРСЕЛОНА 0-1