Нови натпревари нови возбудувања во Лигата на Шампионите. Атлетико Мадрид два пати се враќаше од негатива против Феенорд за на крај со 3:2 да слави победа.
Екстра возбудливо беше и во Белгија каде домаќинот Антверп прокоцка предност од 2:0, и загуби со 2:3 од Украински Шахтар.
Атлетико Мадрид иако важеше за апсолутен фаворит против Феенорд, сепак на судни маки едвај дојде до трите бода.
Имено гостите изненадувачки поведоа во седмата минута со автоголот на Хермосо. Сепак Јорганџиите брзо одговорија преку Мората во 12-тата минута.
Ново изненадување дојде во 34-тата минута кога Ханцко повторно донесе водство за Феенорд. Четврти гол во првиот дел падна во мрежата на гостите кога Гризман во 45-тата минута изедначи на 2:2.
Целосен пресврт донесе Мората во вториот дел кога во 47-та минута со вториот гол донесе предност од 3:2. Ваквиот резултат остана конечно па Атлетико запиша три бода.
Исклучително интересно беше во Белгија каде Антверп преку Муја и Балквиша имаше предност од 2:0 против Шахтар во првиот дел.
Сепак во вториот дел следуваше вистински шок за домаќините. Гостите од Украина во 48-та и 71-та изедначија на 2:2.
Целосен пресврт донесе Силкан во 76-тата минута.
Антверп имаше огромна шанса да дојде барем до реми, но домаќините во 97-та минута не искористија пенал.