Големото мадридски дерби меѓу Атлетико и Реал ги оправда очекувањата и на најпребирливите љубители на фудбалот. 

Исполнет со голови, шанси, дуели и многу борба, натпреварот заврши 3-1.

Атлетико отвори одлично и по само 3.минути игра поведе со 1-0 со голот првиот гол на мечот на на Алваро Мората. 

Речиси на идентичен начин во 18-минута по асистенција на Нигуез, Антоан Гризман зголеми на 2-0. 

Се играше 35-тата минута кога Тони Крос на ефектен начин намали на 1-2, што беше и резултат по првиот дел. 

А, само што почна вториот, повторно центаршут на Нигуез, за втор гол на Мората и водство од 3-1. 

Со ова Атлетико ја прекина победничката серија од пет натпревари, на Реал од стартот на сезоната. 

Резултатот оди во полза на Барселона, па дури и Џирона, екипи кои се на првите две позиции на табелата. Реал падна на третото место со бод помалку (15).

Затоа пак Атлетико се проби дури пет позиции и сега е петти.