Тимот на Жозе Мурињо повторно разочара и на гости кај Торино одигра само 1:1.

Римската „волчица“ сезоната ја отвори лошо, а во првите три кола имаше само еден бод, за да конечно претходното коло ја запише првата победа.

Сепак вечерва не можеа да дојдат до нови три бода откако домаќинот Торино во финишот изедначи на 1:1.

Гостите од Рим поведоа со голот на Лукаку во 68-та минута. Предноста од 0:1 ја чуваа се до 86-тата минута кога Дуван Запата донесе радост за домашните навивачи и изедначи на 1:1.

Мурињо се обиде со Белоти во финишот да дојде до ново водство, но Торино успешно се одбрани. 

На крајот двата тима освоија по еден бод.