Актуелниот шампион во Серија А, Наполи три кола не знае за победа откако денес одигра 0:0 на гостувањето кај Болоња.
Болоња уште еднаш се покажа незгоден противник. По ремито со Јувентус, сега успеа да освои бод и против актуелниот шампион.
Гостите од Неапол беа многу поблиску до гол. Доколку се бара виновник тогаш тоа е напаѓачот Виктор Осиме кој во 72-та минута не реализираше пенал.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас шанса за настап доби во 76-тата минута кога го замени Квадрасцкелија, но не успеа да му помогне на неговиот тим да освои три бода.
По пет одиграни средби Наполи има 8 бода и се наоѓа на делба на седмата позиција.