Манчестер Јунајтед ја прекина низата од три порази. Популарните „црвени ѓаволи“ се радуваа на третата победа сезонава во Премиер лигата.
Тие на гостувањето кај последно пласираниот Барнли славеа минимално со 1-0.
До триумфот Јунајтед стигна потешко од очекуваното.
Натпреварот го реши Бруно Фернандеш со фантастичен гол на истекот на првото полувреме.
Португалецот доби долга топка од Еванс и веднаш со волеј ја упати во мрежата на домаќините.
Манчестер е далеку од трката за трофејот иако има уште многу да се игра. Јунајтед е на 8.место со 9 бодови двојно помалку од лутиот ривал Сити кој е прв на табелата.