Нова пол позиција за актуелниот лидер, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен на патеката Сузука за ГН на Јапонија.
За Верстапен кој немаше конкуренција денеска ова е 9-та пол позиција сезонава или вкупно 22-ва во неговата кариера.
Верстапен го извозе најбрзиот круг со време од 1:28:877 минути и го остави зад себе Пиастри од Мекларен за повеќе од половина секунда 0:581 секунди.
Третото најдобро време во квалификациите го постигна Ландо Норис од Мекларен кој задоцни зад лидерот 0:616 секунди.
Во најдобрите 10 се пласираа уште и Леклерк од Ферари, Перез од Ред Бул, Саинц, Хамилтон, Расел, Цунода и Алонсо.
Квалификациите беа 15-тина минути во прекин во К1 откако Сарџент од Вилијамс уште еднаш го искрши болидот на Вилијамс.
Трката за ГН на Јапонија на легендарната Сузука е утре од 07 часот.