Женската фудбалска репрезентација на Македонија го започнува настапот во Лигата на нациите.
Македонските фудбалерки, се во четвртата по квалитет конкуренција.
Тие во рамките од „Ц5“ групата за противнички ќе ги имаат фудбалерите на Бугарија и Косово.
Во првиот натпревар закажан за попладнево Македонија ќе ја пречека селекцијата на Бугарија.
Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски”, крај ФФМ, а почеток е закажан во 15 часот.
И во вториот натпревар против (27 октомври), македонските фудбалерки повторно ќе играат на домашен терен.
Прво пласираната репрезентација ќе се избори за настап ранг погоре „Б“ дивизијата.
Трите најдобри второпласирани селекции од петте групи, ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од „Б“ лигата.