Лионел Меси се врати во екипата на Интер Мајами, а тимот од Флорида забележа победата над Торонто со 4:0.
Но, победата остана во сенка на новата повреда на Аргентинецот.
Имено, Меси во 37-минута го напушти теренот и беше заменет со Тејлор кој беше стрелец на два гола.
„Сигурно нема да играат во недела. Знаеме дека финалето е следната среда, затоа нема да ризикуваме.
Нема да биде на теренот ако не можат. Не верувам дека тоа е нешто ново или полошо од претходно. Не верувам дека се работи за повреда на мускулот.
Но, мора да бидеме внимателни и да видиме во наредните денови“,
изјави тренерот Герардо Тата Мартино.
Проблемите за Интер Мајами се дополнително поголеми бидејќи две минути пред Меси и Жорди Алба мораше да го напушти теренот.
Мајами го чека финалето во американскиот куп против Хјустон, а в недела меч со Орландо.
Потсетување дека Меси поради повреда ги пропушти претходните два натпревар за репрезентацијата на Аргентина и за Интер Мајами.