Екипата СЦ Дерби направи уште една сензација на турнирот од АБА Супер купот.

Откако во полуфиналето го елиминираа подгоричкиот ривал Будуќност, во финалето го совладаа и шампионот Партизан. 

До трофејот црногорската екипа стигна со победата над белграѓани со 83-81.

Дека не е случено, оваа екипа потврди со играта во текот на целиот натпревар. Имашпе на стартот на втората четвртина +8, замина на пауза со два предност. 

Во финишот на мечот, последните две минути, имаше и негатива од 8 разлика (73-81), но и тоа го надополни со серија од 10-0.

На 38 секунди до крајот при поен предност за Партизан (81-80), црно-белите не реализираа напад. Затоа на спротивната страна Капуста на 4,6 секунди погоди тројка за водство од 83-81. 

Последниот обид на Партизан не го искористи Камински, па екипата на СЦ дерби заслужено се радуваше на триумф. 

Така екипата од Подгорица за прва пат се израдува на трофеј во АБА конкуренцијата и најави дека ќе биде тежок ривал за најголемите конкуренти за шампионскиот трофеј.

Третото место и припадна на екипата на Будуќност која славеше над Игокеа 79-68. 

Во конечниот поредок следуваат: Мега, Задар, ФМП и Цедевита Олимпија. 

Вредно е да се напомене дека на овој турнир поради конфликт со раководството на АБА не настапи вице-првакот Црвена Звезда. 

Новата сезона во АБА лигата стартува на 29 септември со гостувањето на СЦ Дерби кај Сплит.