Паузата во мак-баскетот завршува. Супер купот е увертирата на новата сезона на македонската кошаркарска сцена.

Натпреварување кое повеќе го нема отколку што го има.

Во него за првиот трофеј играат шампонот и победникот на Купот. Имајќи в предвид дека повеќе сезони една иста екипа триумфираше во двете натпреварувања, а и од други причини, ова натпреварување не се одржуваше.

Натпревари не се играа: 2004, 2025, 2006, 2008, 2009, 2010, 2012, 2013, 2014, како и од 2017 до 2020 година.

Што вели историјатот на ова натпреварување?

Првиот натпревар од Супер купот е одигран во 1997 година. Во него МЗТ Скопје го совлада лутиот ривал Работнички.

МЗТ Скопје е најтрофеен во ова натпреварување. Аеродромци освоија пет трофеи. Во 2015 година, беа подобри од Работнички, во 2016 година го совладаа Карпош Соколи 2000. Тие впрочем се и бранители на трофејот од лани, кога беа подобри од ТФТ.

По два трофеи имаат освоени Работнички (2001 и 2011 година) и Никол Ферт од Гостивар (2000 и 2002). Титулата во Супер купот има освоено и Струмица во 2007 година.

За новиот трофеј ќе се борат двете екипи кои играа во финалето на Купот 2023-та.

Во женска конкуренција ќе играат шампионот Баскет Кам и куп победникот МЗТ Скопје Аеродром.

Кошаркарките Македонска Каменица се и бранители на трофејот, откако во ланското издание беа подобри екипата на Бадел.

Кои две екипи ќе стигнат до трофејот годинава ќе дознаеме во сабота.

Во терминот од 17 часот е закажан дуелот кај дамите, Баскет Кам – МЗТ Скопје. Во машкото (19.30 часот) меѓу МЗТ Скопје и Феникс.

Сите информации за Супер купот може да ги следите на следниот пост.

СУПЕР КУП НА МАКЕДОНИЈА

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ-МАЖИ:
2000: Никол Ферт – Гостивар
2001: Работнички – Скопје
2002: Никол Ферт – Гостивар
2003: МЗТ Скопје – Скопје
2004, 2005, 2006: не се одржа
2007: Струмица 2005 – Струмица
2008, 2009, 2010: не се одржа
2011: Работнички – Скопје
2012, 2013, 2014: не се одржа
2015: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
2016: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
2021: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
2022: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
2023: ???
ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ-ЖЕНИ:
2021: Бадел 1862 – Скопје
2022: Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица
2023: ???
ОСВОЈУВАЧИ НА СУПЕР КУПОТ НА МАКЕОДНИЈА