Женската фудбалска репрезентација на Македонија, попладнево ги започна мини подготовките за дуелот со Бугарија.

Со дуелот против нашиот источен сосед, македонските фудбалерки го започнува циклусот на натпревари во Лигата на нации.

За овој натпревар, селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки.

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Берна Кабакчи (Карсон У, Америка), Магдалена Лекоска (Љуботен).
Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Љуботен), Павлинка Николовска (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана).
Среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Радица Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед).
Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов).

Натпреварот Македонија – Бугарија ќе се игра во петок (22 септември), на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15 часот.

Во нашата група „5“ е и селекцијата на Косово која е следен противник и тоа на 27 октомври, повторно на домашен терен.