Актуелниот шампион на АБА лигата, белградски Партизан е првиот финалисти во Супер купот што се одржува во Подгорица.
Црно-белите во полуфиналето ја совладаа Игокеа со 91:84.
Иако на полувремето Партизан имаше +20 (51:31), сепак во вториот дел малку фалеше да ја прокоцкаат предноста.
Смаилагиќ со 15 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која Пантер додаде 13, Камински 12, а Дузер 11 поени.
23-те поен на Јеремиќ како и даб-даблот на Николиќ (13 поени и 11 скока), останаа залудни за Игокеа.
Кој ќе биде противник на Партизан во утрешното финале ќе дознаеме по црногорската пресметка меѓу Будуќности и СЦ Дерби.