Екипата на Лајпциг ја оправда улогата на фаворит и го победи Јанг Бојс на гости. Во првиот натпревар од „Г’“ групата Лајпциг славеше со резултат 3:1.
Германците поведоа веќе во третата минута кога Раум му асистираше на Симакан за 0:1.
Јанг Бојс возврати во 33.минута со голот на Елиа за 1:1.
Од тој момент домашните беа подобри, но не можеа да го искористат тоа за пресврт.
Во 74.минута Лајпциг повторно поведе, асистент беше Кампд, а стрелец беше Шлагер со прецизен удар од речиси 30 метри за 1:2.
Словенецот, Шешко во судиското надополнување се запиша во историјата на Лајпциг како најмлад стрелец во историјата на клубот во Лигата на шампионите, поставувачи ги конечните 1:3.
Втотриот натпревар од оваа група се игра вечерва на „Етихат“ каде актуелниот шампион Манчестер Сити ја пречекува белградска Црвена Звезда.