Екипата на Задар, за која настапува македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ славеше победа над ФМП Железник во натпревар од АБА Супер купот.

На завршницата што се игра во Подгорица, а во натпревар за пласман од 5 до 8 место, Задар со 77-71 го победи ФМП.

Задрани во првата четвртина имаа и најголеми 22 поени предност, а на полувремето заминаа со +11 (45-34). Сепак тимот на ФМП и тоа успеа да го надополни, па и да поведе. Сепак, немаа сили кошаркарите на ФМП за комплетен пресврт. па хрватскиот тим заслужено се радуваше.

Мекиќ за Задар одигра 22 минути за кои оствари учинок од  8 поени , 3 скокови и една асистенции.

Така утре Задар во дуелот за 5.место ќе игра против Мега која денеска беше подобра од Цедевита Олимпија. Словенечкиот тим и ФМП ќе разигруваат за седмата позиција.

Вечерва на програмата се полуфиналните дуели.

Во терминот од 18 часот ќе играат актуелниот шампион  Партизан и Игокеа, а по нив следува црногорската пресметка меѓу Будуќност – СЦ Дерби (21 ч.)