Новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига официјално започна вчера. Во Подгорица се одржува Супер купот во ова натпреварување, на кој настапуваат осум екипи.
Веќе денеска на програмата се полуфиналните натпревари.
Откако Игокеа и Партизан беа подобри од Цедевита Олимпија и Мага, место во полуфиналето обезбедија, Будуќност и СЦ Дерби.
Двете црногорски екипи ги надиграа своите противници. Домаќинот на турнирот Будуќност го совлада Задар со 70-58, а СЦ Дерби беше подобар од ФМП со 93-75.
Денеска ќе се играат четири натпревари.
Во оние за пласман од 5 до 8 место ќе се сретнат: Цедевита Олимпија Мега (12 часот) и ФМП – Задар (15 часот).
Полуфиналните двојки ги сочинуваат, Партизан – Игокеа (18 часот) и Будуќност – СЦ Дерби (21 часот).
Завршните натпревари ќе се играат утре во истите термини.