И третиот натпреварувачки ден на Светскјото првенство во борење, слободен стил, во Белград не донесе ништо ново за македонските борачи.
Последните двајца нашши адути за медал се поразени.
Во категоријата до 79 килограми, Ахмад Магомедов не успеа да се да се избори за медал.
Откако во 1.коло беше поразен со 2-3 од Ахмед Усманов, сепак пласманот на противникот во финалето, на нашиот борач му донесе настап во репасажот.
Македонскиот репрезентативец ја доби првата борба од репасажот против Мор Сачин со 16-6.
Сепак на претпоследната пречка не успеа да мине. Магамедов беше поразен од Мохамед Ашга Ноходиларими со 5-1, па Иранецот ќе се бори за бронза.
И последниот наш претставник Магомедгаџи Нуров кој настапи во категоријата до 97 килограми е поразен.
Нуров во првата рунда односно (1/16-финале). Тој за противник го имаше Гиви Мачарашвили од Грузија кој е трето рангиран на светската листа од кого загуби со 5-4 на поени
Останатите петмина наши борачи го завршија својот настап, па македонските претставници ќе остане само уште настапот на единствената дама.
Вероника Рјабоволова, предводена од тренерот Магомед Ибрагимов, ќе настапи на 20 септември во категоријата до 50 килограми