Третиот натпреварувачки ден на Светското првенство во борење, слободен стил, во Белград, носи настап на двајца македонски репрезентативци.
Во категоријата до 79 килограми, Ахмад Магомедов има шанса за медал, иако во 1.коло беше поразен со 2-3 од Ахмед Усманов кој настапува како независен борач. Сепак, пласманот во финалето на Усманов му овозможи на Магомедов настап во репасажот.
Сега македонскиот репрезентативец Могамедов ќе се бори со Мор Сачин, а доколку победи ќе има нова шанса во борба за бронзениот медал.
Последниот наш претставник Магомедгаџи Нуров ќе настапи во категоријата до 97 килограми.
Нуров кој е 16-ти на ранг листата ќе има тешка задача во првата рунда (1/16-финале). Тој за противник ќе го има Гиви Мачарашвили од Грузија кој е трето рангиран на светската листа.
Останатите петмина наши борачи го завршија својот настап, па македонските претставници ќе остане само уште настапот на единствената дама.
Вероника Рјабоволова, предводена од тренерот Магомед Ибрагимов, ќе настапи на 20 септември во категоријата до 50 килограми