Реал Мадрид ја продолжи победничката серија и се врати на врвот на табелата во Ла Лига.
Пред својата публика во Мадрид, Реал со пресврт во вториот дел го совлада Сосиедад со 2:1.
Гостите од Сан Себастијан одлично го почнаа натпревари и веќе во 5.минута со голот на Баренчета поведоа со 1:0.
Постигна Сосиедад уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд, па до крајот на полувремето немаше промена.
На самиот почеток на вториот дел (46.минута) Валверде со ефектен гол израмни на 1:1.
Не чекаа „кралевите“ долго да се израдуваат и на вториот гол. Веќе во 60.минута по центаршутот на Гарсија, на вистинското место се најде Хоселу за водство од 2:1.
Иако до крајот на натпреварот имаше уште по некоја шанса, сепак резултатот остана не променет.
За Реал ова е петта победа во исто толку одиграни натпревари, со што мадридскиот клуб се враќа на врвот на табелата, со 2 бода повеќе од Барселона.
Во седното коло Реал го чека големото мадридското дерби со Атлетико, а во меѓувреме (среда) натпревар во Лигата на шампионите против Унион Берлин.