Ракометарите на Вардар уште еднаш во новата сезона беа подобри од актуелниот првак Еурофарм Пелистер. 

По освоениот трофеј во Супер купот, вардарци го добија и првиот дуел во Супер лигата. 

Интересно што на двата натпревари Стојанче Стоилов ја предводеше вардаровата екипа. Првиот тренер Владо Недановски повторно беше на трибините, а Стоилов маестрално си ја заври работата. 

Вардарци одиграа далеку по борбено, па јасно е дека менталитетот на голем борец кој го красеше Стоилов во играчката кариера, тој успева да го пренесе на играчите и како тренер.

ФОТО: Томислав Атанасовски