Волчицата конечно продаботе и бесот од првите три лоши натпревари го истури врз Емполи и го понижи противникот со 7:0.
Работите тргнаа добро за избраниците на Мурињо уште од самиот старт, кога Дибала во втората минута од белата точка донесе предност. Веќе во осмата минута новото засилување Ренато Санчез зголеми на 2:0.
Домаќинот продолжи со одличната игра па веќе во 35-тата минута со автоголот на Граси имаше убедиливи 3:0.
Агонијата на Емполи продолжи и во вториот дел. Пауло Дибала со својот втор гол во 55-тата минута зголеми на 4:0.
Целосно понижување на противникот следуваше во финишот кога Кристанте во 80 и Лукаку во 82-та погодија за 6:0. За заокружување на одличната вечер на Рома се погрижи Манчини вп 86-тата минута и ги постави конечните 7:0.
За Рома ова е прва победа оваа сезона и се очекува со новите засилување полека да фаќа приклучок со водечките екипи. Емполи пак продолжува да тони и во четири натпревари го запиша четвртиот пораз без постигнат гол