Фудбалерите на Севиља конечно остварија победа во шпанската Ла Лига, по три почетни порази.
Во својот „кам-бек“ во дресот на Севиља, Серхио Рамос мо донесе среќа на андалузискиот тим кој со многу мака го победи Лас Палмас 1:0.
Рамос по 18 години одигра натпревар во дресот на родната Севиља и тоа сите 90 минути.
Освојувачот на Лига Европа повторно се мачеше, се до 71-та минута, Лукебакио го постигна единственото гол на мечот.
Ова беше првата победа за Севиља во новата сезона во Ла Лига која ја почна со три врзани порази.