Девет натпревари се одиграа денеска во квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Големо изненадување направи Албанија, која во Тирана ја совлада Полска.

Иако Ирска од 4-тата минута имаше водство птотив Холандија, сепак „лалињата“ направија пресвти и стигнаа до трите бода.

Црна Гора со голот на Јоветиќ во 6-тата минута од судиското дополнение ја победи Бугарија.

Сигурни беа Грците кои на домашен терен го декласираа Гибралтар со пет гола.

Благодарение на хет-трикот на Митровиќ гостинска победа оствари Србија кај Литванија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
Б група
Р. ИРСКА – ХОЛАНДИЈА 1:2
ГРЦИЈА – ГИБРАЛТАР 5:0
Е група
ФАРСКИ ОСТРОВИ – МОЛДАВИЈА 0:1
АЛБАНИЈА – ПОЛСКА 2:0
Г група
ЦРНА ГОРА – БУГАРИЈА 2:1
ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА 1:3
Х група
КАЗАХСТАН – С.ИРСКА 1:0
ФИНСКА – ДАНСКА 0:1
САН МАРИНО – СЛОВЕНИЈА 0:4