Откако се прошетаа низ теренот на арената „Тодор Проевски“, Италијанците ја одржаа вообичаената прес конференција, пред утрешниот меч со Македонија.

Новиот предводени Лучијано Спалети, освен за утрешниот меч проговори и за македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас.

„Многу пати го гледав мечот во Палермо. Од него изградивме стратегија за утревечер. Ќе има моменти кога ние ќе напаѓаме, но  и кога противникот ќе ја има топката и ќе браниме. Сакам да играме фудбал, затоа што низ оваа игра треба да предизвикаме и емоции за сите кои нѐ имаат во срцето. Ељиф мене ми е како син. Јас секогаш можев да сметам на него, тоа е играч од врвна класа. Тој е играч штоп ги познава нашите фудбалери. Покрај него очекувам и другите македонски играчи да одиграат добар натпревар“, изјави Спалети.