Голем пех доживеа македонската одбојкарска репрезентација која на вечерашниот натпревар настапи без најдобриот одбојкар Никола Ѓоргиев, која поради болка во грбот остана на клупата.
Капитенот видно разочаран вели дека не е научен да седи на клупа кога и треба на Македонија
„Тажен сум, толку напор и одрекувања и ова ми се случува. Беше многу лошо, сакав да играм, но медицинскиот тим ми рече да не се загревам и да одморам.
Сега е подобро, но болката е тука. Не знам за што се работи, лекарите се сомневаат на мускулот и очекувам да направиме план за рекуперација по натпреварот.
Не сум навикнат, никогаш не сум седел на клупа кога сум ѝ требал на Македонија.
Се надевам дека ќе се подготвам. Утрово одлично тренирав, добро се чувствував, но ете се случи тој пех. Добро што не се случи ова против Данска или Црна Гора.
Се надевам дека и со инјекции ќе играм, живеам за овие натпревари и сакам да ја избегнеме Италија,
Екипата е во одлична форма, без разлика дали ќе играм, верувам дека ќе ја победиме Чешка.
Сакам да ја повикам јавноста сите заедно да завршиме како трети и да сонуваме четвртфинале“,
изјави Ѓорѓиев.