Кошаркарите на САД не дозволија ново изненадување и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство. 

Американците кои пред три дена беа поразени од Литванија, сега во четвртфиналето ја надиграа Италија со 37 разлика.

Уште по првата четвртина Американците јасно ставија до знаење дека Азурите нема што да бараат. Го добија периодот со 10 разлика (24-10), а на полувремето водеа со +22 (46-24). 

Вториот дел избраниците на Стив Кер рутински го одработија и славеа со конечни 100-63 . 

Така Американците и се приклучија на Србија во полуфиналето.

Двете селекции сега ќе ги чекаат исходите од утрешните натпревари, по кои ќе ги дознаат и своите противници. 

ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
ВТОРНИК
СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА 87-68 
САД – ИТАЛИЈА 100-63
СРЕДА
10:45 ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
14:30 СЛОВЕНИЈА – КАНАДА

ПОЛУФИНАЛЕ (петок – 8 септември)
СРБИЈА – Канада / Словенија
САД – Германија / Летонија