По едно дневната пауза на Светското кошаркарско првенство денеска стартува разврската за медали. На програмата се два натпревари од првата, четвртфинална рунда.

Веќе нема калкулации и собирање на бодови, сега пораз значи крај на настапот на Мундијалот. Победата пак отвара врата кон освојувањето на медалите.

Програмата ја отвораат Србија и Литванија.

Србите играа променливо во групната фаза. Литванците пак заедно со Германија, се една од двете репрезентации кои забележаа победи на сите натпревари.

Но, сега влогот и императивот за победа е далеку поголем. Останува да се види чија желба и нерви се поголеми.

Во попладневниот термин, ќе се игра вториот четвртфинален натпревар, САД и Италија.

Американците се далеку од така-наречениот „Дрим тим“, а тоа најдобро го докажаа Литванците од кои загубија. Стиф Кер ќе има задача да ги одведе најмалку до медал, иако вообичаено тие најчесто атакуваат на злато.

Тоа ќе се обидат да им го оспорат Италијанците. Предводени од темпераментниот селектор Поцеко, знаат и тоа како да бидат „незгодни“.

За утре (среда) закажани се преостанатите четвртфинални натпревари, Германија – Летонија и Словенија – Канада.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
ВТОРНИК
10:45 СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА
14:40 САД – ИТАЛИЈА
СРЕДА
10:45 ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
14:30 КАНАДА – СЛОВЕНИЈА