На машкото Европско одбојкарско првенство денеска на програмата се осум натпревари. Два од нив се играат во „Ц“ групата чиј домаќин е Скопје.

Македонските одбојкари денеска имаат слободен ден, но со внимание ќе ги следат настапите на последните два ривали.

Во попладневниот термин од 17 часот, ќе играат Данска и Холандија. Ова е важен меч во кој нашиот утрешен противник Холандија игра против речиси отпишаната Данска која досега ги загуби сите натпревари. Може ли Данците да ни натпреварот услуга, па ако веќе не слават победа, барем да освојат некој сет против Холанѓаните останува да се види.

Во вториот, вечерашен натпревар (20 часот), Чешка се среќава со Црна Гора. Двете селекции се зад Македонија на 4-тото и 5-тото место, со по една победа и два порази. И на овој меч наш „фаворит“ е Црна Гора која веќе ја поразивме, па добро е Црногорците да бидат тие кои ќе слават победа.

Во пресрет на овие натпревари кои се во рамките од 4.коло, изгледот на табелата во „Ц“ групата е следен:

ТАБЕЛА – Ц група
1. Полска 9 бодови (9-1 сетови),
2. Македонија 6 (6-4),
3. Холандија 6 (7-3),
4. Чешка 3 (3-7),
5. Црна Гора 3 (3-7),
6. Данска 0 (3-9),
* Четирите прво рангирани селекции обезбедуваат пласман во осминафиналето.

Денеска на Европско првенство
16:00 ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА
16:30 УКРАИНА – ФИНСКА
17:00 ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА
18:00 СРБИЈА – ЕСТОНИЈА
19:00 ПОРТУГАЛИЈА – ТУРЦИЈА
19:30 ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА
20:00 ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА
21:00 ИТАЛИЈА – ШВАЈЦАРИЈА