Екипата на Ливерпул ја врза и третата победа во низа во Премиер лигата. Црвените попладнево на „Енфилд“ славеа над Астон Вила со 3-0 во натпревар од четвртото коло. 

Домаќините одлично го отворија натпреварот. Унгарецот Доминик Собослај го постигна првиот гол во третата минута кога упати прецизен удар од далечина.

Во 22-та минута веќе беше 2-0 за Ливерпул. По добрата акција на Салах и ударот на Дарвин Нуњез, Метија Кеша беше погоден од топката, го смени правецот и остана во мрежата на неговиот клупски колега. 

Вториот дел, по само десет минути (55) Мохамед Салах беше стрелец на третиот гол.

До крајот на мечот домаќинот имаше уште неколку шанси за гол, но резултатот остана не променет 3-0 за Ливерпул. 

Со тоа Ливерпул им се придружи на Вест Хем и Тотенхем кои по четири кола освоија 10 бода во Премиер лигата.