Поради настапот на македонската репрезентација, во евро-квалификациите, натпреварите од 6.коло во ПМФЛ се играа денеска.
Екипата на Вардар ја оствари првата победа по враќањето во прволигашката конкуренција. Вардарци славеа со 2-1 во дуелот со Македонија Ѓорче Петров.
Во 23-тата минута беше досудена најстрога казана за Вардар, кој успешно во водство ја претвори капитенот Дарко Мицевски.
Само десет минути подоцна, вардарци ја удвои предноста. По акцијата на Мицевски на вистинското место се најде Омераиќ за водство од 2-0. Стрелец на голот за Ѓорчепетровци беше, Величковски во судиското дополнение (90+3).
На дербито во Тетово, меѓу Шкендија и Шкупи заврши без голови како и натпреварот во Струмица.
Силекс славеше на гостувањето кај Гостивар со фудбалер помалку, а во Охрид, Воска ја совлада Брегалница.
ПМФЛ – 6.КОЛО
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
АП БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-0
ГОСТИВАР – СИЛЕКС 1-2
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ ќе играат во понеделник