Екипата на Тотенхем продолжува да игра во фантастична форма. Иако тимот го напушти нивниот најдобар стрелец, Хари Кејн, сепак Тотенхем и без него постигнува голови.

Денеска „Спарси“ постигнаа дури петна гостувањето кај Барнли кој го совладаа со 5-2.

Иако мечот за домаќините започна одлично и уште во 6-тата минута со голот на Лајл Фостер, Барнли поведе со 1-0.

Сепак, кратко траеше радоста на домаќините, бидејќи десет минути подоцна (16) Кореецот, Сон израмни на 1-1.

Во вториот дел уште, комплетен распад на домашниот тим.

Медисон во 63-тата зголеми на 3-1, по што следуваа два гола на Сон за негов „хет-трик“.

За Тотенхем ова е трета победа во четирите досега одиграни натпревари.