На Светското кошаркарско првенство денеска на програмата се последните натпревари од осмина-финалната рунда.

Половина од репрезентациите веќе го обезбедија своето место во четврт-финалето. Меѓу осумте најдобри ќе играат: САД, Литванија, Словенија и Германија.

Затоа пак во останатите две групи сите осум репрезентации имаат шанса за освојување на двете места што водат понатаму.

Во двете групи „И“ и „Л“ селекциите имаат по седум бодови.

Покрај исходите од меѓусебните дуели, решавачка може да биде и кош разликата, со голем број на комбинации.

Од осумте натпревари ќе мора да ги чекаме исходите на сите шест од нив за да ги дознаеме четвртфиналните двојки. Ова бидејќи за првото место во „Ј“ и „К“ групите ќе се борат, САД и Литванија, односно Словенија и Германија.

Во четврт-финалето вкрстуваат двете прворангирани од „И“ и „Ј“ групите, односно „К“ и „Л“ конкуренцијата.

ОСМИНАФИНАЛНА РУНДА – 2.КОЛО (недела)
09:30 АВСТРАЛИЈА – ГРУЗИЈА
10:00 ИТАЛИЈА – ПОРТОРИКО
10:40 ГРЦИЈА – ЦРНА ГОРА
11:45 БРАЗИЛ – ЛАТВИЈА

13:10 ГЕРМАНИЈА – СЛОВЕНИЈА
14:00 ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА – СРБИЈА
14:40 САД – ЛИТВАНИЈА
15:30 ШПАНИЈА – КАНАДА

ТАБЕЛИ:
И група: Србија 7, Доминикана 7, Италија 7, Порторико 7.
Ј група: *САД 8, *Литванија 8, Црна Гора 7, Грција 6.
К група: *Словенија 8, *Германија 8, Австралија 6.Грузија 6.
Л група: Канада 7, Летонија 7, Шпанија 7, Бразил 7.
*обезбеден пласман во четврт-финале