Чешката репрезентација во неизвесен натпревар успеа да ја совлада Данска со 3:1 и со тоа да ги запише планираните бодови.

Иако важеа за голем фаворит, сепак Чесите за да дојдат до победа требаше да се намачат, па дури и да ја користат технологијата за проверка која им го спаси третиот сет.

Чесите одлично го отворија резултатот и сосема лесно со 25:15 го освоија првиот сет.

Сепак, кога се очекуваше дека го имаат рецептот, проработе најсилното оружје на Данците – сервисот и работите почнаа да се менуваат. Во крајно неизвесен сет, Данска со серија од два поени, при резултат 23:23 успеа да го освои сетот и да изедначи на 1:1.

Третиот сет повторно почна во знакот на Чесите, кои отворија со серија од 8:2. Сепак по тајмаутот на данскиот селектор, неговата репрезентација успеа да се врати во игра.

Предводени од Расмус Бројнинг Нилсен, Данска дојде до егал, а потоа и до водство што и донесе сет топка, 24:23.

На овој резултат, сервираше Данска, а Чешката репрезентација организираше кој го завршуваше Шотола. Неговиот смеч заврши во терен, но судиите досудија аут, со што Данска го освои третиот сет.

Сепак присебната реакција на клупата на Чешка и навремената реакција донесе видео проверка. Се виде дека топката е во терен и па резултатот беше изедначен 24:24.

Данците пропуштија уште една шанса, а Шотола со смеч и ас сервис ги донесе работите на свое место и Чешка поведе со 2:1 во сетови.

Во четвртиот сет Данците влегоа силовито и поведоа со 3:0, но тоа беше се што можеа да направат. Чешка ја презеде иницијативата и со добра игра на блок и напад сосема залужено го доби сетот со 25:22, за конечни 3:1.