По завршувањето на синоќешните натпревари, ги добивме имињата на сите учесници во Лигата на шампионите.

Пред денешната ждрепка во Монако, 32-те екипи се поделени во четири така-наречени квалитативни групи.

Шпанија ќе има дури петмина претставници во групната фаза, откако Севиља ја освои Лигата на Европа.

Андалузискиот тим ќе биде во истиот (прв) шешир со шампионите: Манчестер Сити, Севиља, Барселона, Наполи, Баерн, ПСЖ, Бенфика, Феенорд.

Дерби натпревари ќе има во изобилство имајќи ги во предвид имињата на екипите кои се во втор шешир: Манчестер Јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Порто.

Од третиот ќе бидат извлечени: Црвена Звезда, Шахтјор, Салцбург, Милан, Брага, Лацио, ПСВ и Копенхаген.

А, во последниот, условно најслаб, се наоѓаат: Р. Сосиедад, Галатасарај, Селтик, Њукасл, Унион Берлин, Ленс, Јанг Бојс, Антверпен.

Ждрепката е закажана за попладнево од 18 часот, а ќе се одржи во Монако.

Натпреварите во групната фаза ќе стартуваат на 19 септември и ќе се играат до средината на декември.

Финалето е закажано за 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.